Вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска уште еднаш ги повика пратениците да ги донесат законите кои треба да овозможат спроведување на економските мерки за поддршка на граѓаните и стопанството.
Битиќи порача да се заборават за момент политичките агенди и да преовлада разумот.
Апелирам пратениците да го направат тоа што треба – сите законски решенија кои ќе овозможат спроведување на економските мерки да ги донесат час поскоро. Можеби за нив не е важна економската состојба, но да се ставиме во улога на обичните граѓани, нашите браќа, сестри, татковци, мајки, роднини. Нивниот живот и стандард зависат од кревањето рака на пратениците. Да ги заборавиме за момент нашите политички агенди. Ќе има прилика за политичка битка. Денеска треба да преовлада разумот, затоа се надевам дека сите ќе собереме сила за да го направиме тоа што е потребно. Јас одвојувам од моите лични средства, од моето дете, за тие од законодавниот дом да работат за иднината на моето дете. Затоа замолувам да го направат тоа што треба – истакна Битќи, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со Абазовиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.