Вчера пратениците од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија” остварија посети по населени места за да поразговараат со граѓаните околу нивните проблеми за кои главен виновник е оваа неспособна и криминална власт.

Пратеникот Дарко Костовски вчера го посети Св. Наум Радишани каде што разговараше со граѓаните и ги запозна со идните проекти кои ќе бидат дел од програмата за локалните избори.

Овде граѓаните се заборавени во изминатите 4 години од локалната и централната власт. Ниту еден од ветените проекти не е ни започнат а камо ли реализиран, истакна Костовски.

Пратеничката Јадранка Поцкова вчера при посета на Струмица порача дека новата програма на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реши горливите проблеми на граѓаните кои ги тиштат овие четири години поради СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ се подготвува сериозно да настапи на локалните избори нудејќи и на граѓаните на Струмица програма со решенија за проблемите кои локалната власт на СДСМ цели 16 години не знае и не може да ги реши”, нагласи Поцкова на вчерашната средба со граѓани.

Пратеникот и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски вчера од Крушево најави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе донесе неизбежни промени со цел да се подобри животот на граѓаните, бидејќи политиките на власта донесоа само сиромаштија.

Промените се неизбежни, македонскиот народ како никогаш досега сака да живее во мирна, стабилна и просперитетна Македонија, рече Сајкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.