Власта сака на мала врата без доволно информации и консултација со јавноста да се изгласа закон со кој ќе му се признае на Макпетрол сопственост од 50% во гасоводот во Македонија и истиот да му се плати по нерелано висока цена од 33 милиони евра иако самата власт вели дека вредноста на влогот на Макпетрол е 18,8 милиони евра- обвини ВМРО-ДПМНЕ.
Во нивното соопштение понатаму стои:
Се поставува прашањето зошто Владата на Макпетрол сака да му плати екстра 14,2 милиони евра?
Зошто Државниот правобранител не сакал да даде дозвола на премиерот Заев да го потпише договорот?
Зошто се оди со закон во Собрание што никогаш претходно не се случило во историја на Македонија?
Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата прави се со долги говори да ја блокира работата со цел да не бидат злоупотребени 33 милиони евра народни пари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.