Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ на поглаварот на Македонската правславна црква Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, на Синодот на Македонската православна црква – Охридска Архиепископија  и на сите православни христијански верници во Македонија, им го честита големиот христијански празник Христовото воскресение – Велигден.

Христовото воскресение е ден кога се празнува радоста која може да се види и почувствува кај секој од нас. Денес е денот кога се разгласува радосната вест за Христовото воскресение, со која кај секој верник повторно се раѓа надежта за подобро утре и подобра иднина.

Празнувајќи го овој ден, ја шириме Христовата порака за толеранција, соживот, човечност и взаемното почитување и разбирање, што всушност се вредности кои секој верник мора да ги поседува и негува за доброто на сите нас и на нашата татковина Македонија. Само на тој начин, со верба во себе и почит кон другите, ќе успееме да истраеме во борбата со сите предизвици кои ни се испречени на патот во создавање на подобро утре за секој од нас.

Како пратеници од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, на сите православни верници кои што го прославуваат Христовото воскресение – Велигден им посакуваме убави празнични мигови поминати со своето семејство и своите најблиски, исполнети со здравје, мир и спокој, радост и бериќет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.