Пратеничката Моника Зајкова од ЛДП е позитивна на корона вирус и е хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје.

Таа вели дека и нејзините родители се позитивни, за среќа со полесни симптоми.

Ви пишувам откако собрав малку сила, лежејќи на Клиниката за инфективни болести каде што сум хоспитлизирана поради заразеност од корона вирусот. Иако ги следевме и почитувавме сите протоколи, најверојатно некаде, за жал, сме потфрлиле. Како се чувствувам? Tелесната температура не ми спаѓа под 38.5 C, чувствувам омалаксаност, континуирано гадење, повраќање и изнемоштеност. Констатирано ми е почетна фаза на пневмонија. Ова не сакам да звучи како заплашување, туку повеќе како отрезнување, затоа што понекогаш може да биде предоцна – вели Зајкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.