Додека Ве слушав на телевизија и јас верував во вашата бајка, вели мајката на четиримесечното бебе од Кочани позитивно на коронавирусот, кое се лечи на Инфективната клиника во Скопје, во реакција до Министерството за здравство.
Ма какво менаџирање, каков способен здравствен систем, БРАВОО! Не знам ни сами дали си верувате во бајката. Кога и човек како мене со челични нерви успеавте да го изреволтирате. Кого лажете за добра комуникација, доктор и пациент? Да лежиш 15 дена на инфективна клиника и еден доктор да не ти каже резултати, ни зошто примаш терапија и зошто те боцкаат? Кога прашуваш за вода да ти кажат дека се потрошила донацијата, а на телевизија кажувате бебе на посебна исхрана. Каква е таа посебна исхрана??? Три дена да ти велат дека ќе земат брис на бебето а не земаат. Гајле ви е дали има чиста облека или парно за доколку испереш нешто да се исуши? Да ти кажуваат спреми се, си одите, а за 15 минути да дојде друг да ти рече, не си одите? Еден со друг не сте усогласени и зборувате за добро менаџирање. Две недели еден доктор ме преслуша и сега наеднаш здраво бебе ќе чека да си оди, бидејќи на вас сега ви текна да и земете крв на мајката, за која некои од докторите не знаеја ни дали е хоспитализирана. Со чии нерви си играте Вие? Вие штом не можете на крај да излезете со стабилните пациенти, Господ нека им е на помош на критичните. Единствено големо браво за педијатарот, целосно посветена и одговорна. Сечие трпение и сечија истрајност има крај.
П.С. Додека Ве слушав на телевизија и јас верував во вашата БАЈКА!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.