Холандскиот премиер Марк Руте денеска ќе престојува во посета на Македонија. Ова е прва посета на еден холандски премиер на државава, а се случува во момент кога земјата е соочена со политичка криза и ден пред гласањето доверба на Владата. Руте доаѓа во Скопје и во време на блокада од Бугарија на евроинтеграцијата на Македонија.
Како што соопшти Холандската амасада, Руте ќе се сретне со премиерот Зоран Заев и со претставници на младите од граѓанското општество, а посетата ќе ја заокружи со работна вечера што ќе ја приреди претседателот Стево Пендаровски.
Во соопштението на Амбасадата се посочува дека на средбите ќе стане збор „за добрите односи меѓу Холандија и Македонија, европската соработка, случувањата во регионот и соработката во НАТО“. Скопје е последната етапа од регионалната посета на Руте во која се вклучени и Грција и Албанија.
Холандија поддржува старт на преговорите со Скопје и Тирана, и како што истакна Руте на неодамнешниот Самит ЕУ-Западен Балкан во Брдо, очекува надминување на блокадата по изборите во Бугарија, а Хаг ќе помогне за што побрзо почнување на пристапните преговори.
– Ќе треба да почекаме на изборите во Бугарија. Не сум среќен со фактот што пристапните преговори со Македонија сè уште се блокирани. Сметам дека тие треба да се деблокираат што е можно побрзо. Знаеме и се надеваме дека тоа веројатно ќе се случи по изборите во Бугарија и ќе се обидеме да направиме сè што можеме за тоа да се случи, нагласи Руте.
Посетата на Руте на Скопје, ја најави минатата недела холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп.
– Првпат во историјата на Македонија нашиот премиер Марк Руте ќе ја посети земјава. Тој ќе биде примен од премиерот на Македонија, изјави амбасадорот.
Во коментар за најавената оставка на премиерот Зоран Заев, амбасадорот тогаш ја повтори изјавата од Брисел дадена во име на сите земји членки дека ЕУ ја селди состојбата и дека е многу битно да се остане на патот на реформите.
Холандија важи за принципиелен поддржувач на процесот на проширување на ЕУ, но инсистира на строго и доследно спроведување на реформите, особено во делот на владеење на правото и борба против корупцијата и организираниот криминал.
Во пресрет на посетата на Руте во Македонија повторно се потебнува прашањето за богатството на премиерот Зоран Заев. Пратеникот Антонио Милошоски пред неколку дена изјави дека Зоран Заев кој што го губи легимитетот е најбогатиот премиер во една од најсиромашните држави во Европа.
Македонија е шеста на листата на сиромашни земји во Европа. А, Зоран Заев е прв по богаството споредено со сите премиери. Еве сега во среда ќе дојде холандскиот премиер Руте во посета на Македонија, да го прашате холандскиот премиер Руте колку е богат, колку има фирми, колку има пари на сметка, колку има неговиот брат, братучед, менувачница, и така натаму, ќе видите дека Зоран Заев е пет пати побогат премиер од холандскиот премиер Руте. А, Холандија е една од најбогатите, а Македонија е за жал една од најсиромашните и најкорумпирана во Европа – рече Милошоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.