Зоран Заев побегна од последното соочување со народот истакна пратникот на ГРОМ, Љупчо Пренџов во своето гостување во емисијата „Само вистина “ на Канал 5 телевизија.
Речиси и сигурно е дека Заев в среда ќе ја поднесе својата оставка и нема да ги дочека последните пратенички прашања кои треба да се поставуваат веќе наредниот ден, в четврток. Заев им должи многу одговори на граѓаните истакна Пренџов, посочувајќи дека станува збор за човек кој не реализираше ниту едно од своите ветувања, тој предводеше со влада која во изминативе пет години буквално заборави на својата предизборна програма, вели пратеникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.