Епидемилогот д-р Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово, денеска на Советот на Општина Куманово, одговарајќи на прашањата на советниците за актуелната состојба со Ковид-19 во градот, рече дека позитивните пациенти ги кријат своите контакти во епидемиолошката анкета.

Пополнуваме форми за следење на контакти, но она за одбележување е дека во последно време во прехтодните два месеци имаме навистина помал број на кажување контакти од страна на позитивните лица. Свесно избегнуваат изолација и знаеме дека сите контакти на позитивното лице 14 дена треба да бидат во домашна изолација, тоа е тој период доволен лицето да биде изолирано да не се шири инфекцијатам рече д-рСтаменковска.

Според епидемилогот д-р Стаменковска, во последните месеци позитивните лица ги пријавуваат само најтесните членови на семејството како контакти, а пошироките ги кријат и потешко се доаѓа до контактите, освен ако самите не се јават дека биле во контакт со заболено лице.

Потенцирам дека се помал број контакти се јавуваат, ако во првите месеци во март или април на еден позитивен имамве од 10 до 15 лица котантки, сега се помалку и од самите установи и инстиуции и самите лица од семејството не покажуваат, така да на едно позитивно лице имаме по 2-3 контакти, вели епидемилогот.

извор: Кумановски муабети



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.