Лице позитивно на ковид 19 ја прекршило изолацијата и покрај тоа што поседува решение за изолација, излегло на гласање на вонредните локални избори во Штип.
Инцидентот се случил на гласачкото место во градот. Било побарано гласањето да запре, но набљудувачот на Државната изборна комисија не дозволил прекин.
И покрај ниската излезност на вонредните локални избори за градоначалник на Штип, забележани се низа изборни нерегуларности.
Повеќето гласачки места не се обезбедени од полиција за непречено одвивање на изборниот процес.
Забележани се активисти на политичка партија која учестввуа на изборите како носат гласачи на гласање со автомобили, што не е дозволено со Изборниот закон.
Гласачки места се испишани со акроними на политичка партија која учествува на изборите, што претставвуа прекршување на изборниот молк.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.