Ситуцијата со пожарот во Пасјак е стабилна, но во опасност во моментот се Курјачко маало и Балабанци при што зафатен е дел од туристичкиот локалитет „Истевнички Кукуљ“.

-Моментално, најзагрозено е маалото Балабанци и Курјачко маало, исто така во голема опасност е локалитетот ,,Истевнички кукуље” каде мал дел веќе е зафатен од пожарот. Имаме две машини на терен вклучително и багер кои прават појас да не се шири пожарот, истакна делчевскиот градоначалник Горан Трајковски.

Трајковски, кој веќе неколку дена ги координира работите, информираше дека во моментот во гаснењето учествуваат околу 200 луѓе меѓу кои и припадници на Армијата и дел од екипата пожарникари од Бугарија.

-Меѓу тие луѓе кои активно гасат се и десетина доброволци, вработени во Јавното комунално прерпријатие, Шумското стопанство, имаме луѓе од локалната самоуправа, наши и пожарникари од соседни општини, така што се прави се што е во наша моќ за да се локализира пожарот, додава Трајковски.

На небото над Делчево околу 10 часот имаше чад кој носен од ветерот се забележуваше во градот. Во моментот чадот се расчистува, но во далечина се уште се забележуваат густите облаци од пожарот кој веќе е проширен во блиските маала кај Пасјак и селото Нов Истевник. 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.