Пожарот во атарот на штипското село Доброшани оди во правец кон реката Брегалница. Градоначалникот на Штип, Сашко Николов вели дека благодарение на интервенцијата на пожарникарите огнот ги нема зафатено куќите, од кои дел се стари и напуштени. Директорот на Центарот за управување со криз, Стојанче Анггелов утрово на прес-конференција рече дека пожарот е настанат од искрење на електричен столб.

Немаме штета на објекти, ниту пак повредени во овој пожар. Во моментов девет пожарникари, заедно со командирот на ТППЕ-Штип, се во атарот на селото Доброшани и таму тие го гасат пожарот“, рече градоначалникот Николов.

Во атарот на селото Криви Дол пожарот е локализиран, но на терен се триесетина припадници на АРМ, пожарникари од Штип со едно возило. Николов вели дека и на овој дел нема штети, а пожарот во близина на оваа село е локализиран рано утрото.

Овој активен пожар почна вчера попладнето од светиниколското село Богословец, каде што изгореа неколку напуштени куќи, земјоделска механизација, во текот на ноќта се префрли од другата страна на ридот и ги зафати атарите на светиниколското село Кадрифаково и на штипските села Криви Дол и Доброшани.

Изгорена е сува треба и има зафатено и површини со борова шума.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.