Катастрофалниот пожар кој избувна синоќа во Ковид-центарот на Тетовската болница во кој загинаа 14 пациенти, не бил предизвикан од експлозија, туку од пламен кој се појавил зад еден од креветите во објектот, дознава неофицијално „Сакам да кажам“ од извори на истражните органи.
Според овие сознанија, вработените во Тетовската болница на обвинителите и на екипата од крим техника им кажале дека редоследот не бил експлозија, па пожар како што се појавија првичните информации веднаш по пожарот пред да започне увидот. Експлозиите биле подоцна додека огнот се ширел неконтролирано и брзо низ целиот објект. Најверојатнио експлодирале боците со кислород за поддршка на болните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.