Градската депонија се запали. После четири дена тлеење, од утрово депонијата гори, јавуваат од невладината организација Спас за Гевгелија.  Депонијата гори, никој не интервенира, а граѓаните на Гевгелија дишат високо канцероген воздух, велат од невладината.

Граѓаните го повикуваат градоначалникот да преземе нешто. Веќе има и пријава до Државниот инспекторат за животна средина за загрозување на животната средина и здравјето на граѓаните. Ветено е дека инспекторите ќе излезт на терен и ќе постапат согласно законот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.