Во последните 24 часа од 3.595 тестирања регистрирани се 395 нови случаи на КОВИД-19, оздравени се 245 пациенти, а починати се 14 пациенти, пријавени се и седум пациенти преку „Мој термин“ со датум на смрт од 5 септември до 10 октомври годинава, информира Министерството за здравство.

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, од ново регистрираните од Скопје се 177 пациенти, Куманово – 35, Велес – 31, Штип – 21, Кавадарци – 19, Прилеп – 17,  Охрид и Кочани – по 12, Битола –  11, Струмица – 10, Гевгелија – 7, Тетово – 6, Кичево – 5, Кратово – 4, Гостивар, Свети Николе,Радовиш, Ресен, Крива Паланка, Валандово и Богданци – по 3, Пробиштип –  2, Струга, Крушево, Демир Хисар, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 245 оздравени пациенти од: Скопје – 121,Велес – 22, Куманово – 21, Штип – 15, Кавадарци  – 10, Струмица – 8, Прилеп – 7, Кочани – 5, Битола, Дебар иВиница – по 4, Тетово и Кичево – по 3, Гевгелија, Кратово, Радовиш, Ресен, Богданци и Пробиштип – по 2, Охрид, Гостивар, Крива Паланка, Неготино, Делчево иМакедонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа починале 14 лица: 6починати лица од Скопје (85г, 85г, 80г, 75г,72г и 68), 2 починати лица од Велес (71г и 66г) и по едно починато лице од Битола (22г), Македонски Брод (75г),Радовиш(67г), Куманово (90г) и Струмица (66г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.