Во последните 24 часа регистрирани се 882 нови случаи на КОВИД-19, од вкупно направени 6.591 тестирање, починати се 14 лица, а оздравени се 140 пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Најмногу новозаразени има во Скопје – 333, потоа во Тетово – 109, Струмица – 80, Куманово – 59, Гостивар – 46, Кичево – 42, Штип и Дебар – по 28, Охрид – 20, Велес – 18, Прилеп – 17, Струга – 14, Кавадарци и Кочани – по 12, Битола и Свети Николе – по 9, Ресен – 8, Богдани и Кратово – по 6, Неготино и Радовиш – по 5, Гевгелија, Виница и Македонски Брод – по 3, Делчево и Пробиштип – по 2, Берово, Крушево и Демир Хисар – по 1.
Регистрирани сe 140 оздравени пациенти од: Скопје – 53, Гостивар – 48, Кичево – 11, Штип – 6, Тетово и Кочани – по 4, Кавадарци и Пехчево – по 3, Битола и Виница – по 2, Охрид, Ресен, Делчево и Берово – по 1.
Пријавени се 14 починати лица: по 4 починати лица од Скопје (54г,68г,69г, и 84г), и Тетово (49г,67г,68г и 81г), 3 починати лица од Гостивар (49г,72г и 74г), по едно починато лице од Куманово (72г), Охрид (82г) и Виница (77г). Сите се починати во болнички услови


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.