Повторно се отвори дупката кај Долно Косоврасти, на патниот правец Дебар-Маврово, која се отвори на 16 октомври. Поради тоа, сообраќајот на овој дел, на делница Дебар-Жировница, се одвива неизменично по оспособена девијација.

Кратерот, односно пропадната дупка ја забележа наша екипа во 2:30 часот. Таа се наоѓа на истото место на онаа која беше на 16 октомври. Истата е со длабочина од над 20 и широчина од 6 метри. Сообраќајот го оспособивме по истата девијација, како и пред два месеца. Работиме на пополнување на кратерот  со материјал-песок, ја пренесува МИА изјавата на Деар Лиманоски, раководител на дебарската секција на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.