Денеска од собраниската говорница, пратеникот Изет Меџити ги замоли министрите од ДУИ да престанат да го фотографираат местото каде треба да се гради автопатот Скопје – Блаце и да се фатат за работа за да се изгради што е можно побрзо.
Тој од вицепремиерот Артан Груби побара поголем ангажман на власта во економската зона во Визбегово каде, според Меџити, повеќето компании се албански.
Меџити директно го праша неговиот сопартиец Артан Груби за ветувањето за етничка правична застапеност и во приватните фирми.
Но, Артан Груби не му одговори на прашањето на Меџити. Му најави на заменик-претседателот на Парламентот дека писмено ќе одговори и ја напушти салата.
Ова не е прв пат двајцата функционери на ДУИ да се конфронтираат. Меџити дури пред неколку месеци и не криеше дека не е задоволен од изборот на кадри од неговата партија кои ќе бидат дел од новата Влада.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.