Повторно одложено судењето против браќата Усеини за нападот врз Спирко Топалоски кој се случи во август годинава.

Овој пат причина за одложувањето беше неприсуството на обвинетиот Нефи Усеини и оштетениот Спирко Топалоски.

Според одбраната на Нефи, тој бил на операција во Турција, за што беше приложена копија од авионски билет.

Од друга страна Спирко имал операција на забите и не можел да зборува.

Судијката Билјана Белеска која го презеде процесот од судијата Милчо Клишески, напомена дека доколку на следното рочиште не се појават обвинетиот и оштетениот, ќе бидат спроведени со полициска придружба.

Следното рочиште е закажано за еден месец, односно на 27 Ноември, а со цел убрзување на процесот, рочиште ќе има и на 3 Декември.

Колку за потсетување првото рочиште се одложи поради тоа што обвинетиот Ибраим Усеини се разболел, а Спирко Топалоски чувал деца.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.