Премиерот Зоран Заев, на прес-конференција потврди дека ќе има полициски час кој почнува од утре од 22 часот до 5 часот наутро, а ќе трае до 22 март. Тој напомена дека имало потреба од такво нешто затоа што, според него, граѓаните се опуштија, а непочитувањето на мерките придонело да има зголемен број на заразени.
Очигледно е дека граѓаните се опуштија и не ги почитуваат мерките. Бројките ни кажуваат дека итно мора да се превземе нешто. Ги влечеме искуствата од соседите, од другите земји, кои имаа локдауни, видовме дека влијанието не е конкретно, посебно ако не се почитуваат мерките. Кај нас очекуваме рестораните строго почитување на мерките, а инспекторите се тука да контролираат, рече Заев.
Тој смета дека ова ќе придонесе за намалување на бројките.
Знаеме дека младите се најголемите трансмитери на заразата, некогаш и без симптоми, не знаејќи дека се инфицирани, може да го пренесат вирусот. Сметам дека ќе придонесе за намалување на бројките, вели премиерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.