Само 15 минути по првиот напад врз полицискиот кордон, во кој беше повреден и помлад полициски службеник, дел од толпата на протестот започна нов обид за пробивање на полицискиот ѕид. Повторно дел од помладите учесници ја нападнаа полицијата, се фрлаа предмети и камења, се удираше со нозе, но беше возвратено со палки и нападот беше одбиен.
Организаторите на протестот повикуваат на смиреност, но ситуацијата на моменти екслира.
Во моментот се слушнаа и истрели, а полицијата ги тера демонстрантите да се повлечат кон Чаир.
Протестот почна од паркот во Чаир и продолжи кон судовите, но полицијата ги сопре кај ТЦ Мавровка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.