По 48 дена во Дебар повторно има пациент позитивен на Ковид 19, потврди градоначалникот Хекуран Дука за „Фокус“.

Тој вели дека заболената е жителка на селото Долно Косоврасти, која пред три дена била примена во општата болница во Дебар со висока температура, а потоа биле однсена во Клиничкиот центар во Скопје, каде што е потврдено дека е инфицирана од корона вирус.

Градоначалникот Дука вели дека пациентката имала контакти со членови на семејството како и со неколку медицински лица од Дебар

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.