Твитер профилот на министерот за надворешни работи Бујар Османи од утрово повторно е активен откако вчера тој на „Фејсбук“ објави дека профилот бил предмет на хакерски напад.

Од утрово е вратен профилот, освен неколку избришани твитови на прв поглед не е забележана никаква посериозна злоупотреба, соопштија од МНР.

Османи вчера напиша дека случајот го пријавил во Министерството за внатрешни работи, како и на соодветните адреси на „Твитер“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.