Повредените од сообраќајката на автопатот Струма кои се сместени во болницата Пирогов, се во стабилна општа состојба, потврди и бугарското обвинителство на прес-конференција одржана утрово.
Вчера биле оперирани две лица кои исто така се во добра општа состојба. Повредените кои биле на интензивна нега се пренесени на одделението на Клиниката за изгореници и пластична хирургија. Една од жртвите денеска треба да биде оперирана.
Со оглед на шокот преживеаните се о тешка психичка состојбаи болницата им пружа специјализирана психолошка поддршка.
Се’ уште нема јасна прогноза кога пацинетите би можеле да се вратат дома, појаснуваат од болницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.