По реакциите на опозицијата – ВМРО-ДПМНЕ, градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, на вчерашната седница на Советот на општина Охрид, ја повлече точката за 18 вработувања во ЈП Водовод Охрид и личен возач на директорот, објави „Охрид24“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Сашо Донев, во реакцијата за новите вработувања посочи дека иако има над 250 вработени, директорот на ЈП „Водовод“ баш сега се сети дека му е потребен личен возач во услови кога градот тоне, се затвораат дуќани и се економски уништени туризмот и стопанството.
Денес охриѓани плаќаат за 30% поскапа вода додека парите наместо за капитални инвестиции кои се под 10% се пренаменети за возач на директорот и вработување на партиски послушници, истакна Донев и додаде дека ЈП „Водовод“ наместо да биде најуспешно јавно претпријатие кое треба да биде пример во државата, секојдневно тоне во милионски долгови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.