Институтот за трансфузиона медицина упати јавен повик луѓето кои се излечиле од Covid 19 да даруваат крвна плазма и да спасат човечки живот. Оттаму велат дека во крвната плазма на лицето кое било излечено од вирусната инфекција Covid-19 има антитела кои организмот ги создал за време на борбата против болеста. Плазмата која ги содржи овие антитела кои се борат со инфекцијата се нарекува конвалесцентна плазма.
Таа се користи за лекување на заболените од COVID-19, бидејќи се врзува за вирусот во организмот на болниот, го намалува неговото дејство, а со тоа ја намалува и прогресијата на болеста.
Терапија со конвалесцентна плазма се покажала ефикасна во борба против болести предизвикани од вирусите Ebola и SARS.
Со оглед на тоа дека не постои специфична терапија, ни вакцина, неодамнешните истражувања укажуваат дека конвалесцентна плазмa може да биде корисна во лекувањето на инфекцијата предизвикана од новиот коронавирус (SARS-CoV-2).
И Вие можете да спасите нечиј живот по закрепнувањето од болеста предизвикана од вирусот COVID-19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.