Епидемиолошките анкети на случаите во градинките укажуваат дека главно станува збор за пренос на инфекција надвор од установите што значи дека доследното почитување на протоколите во рамките на установата значи безбеден воспитно-згрижувачки процес за сите деца кои посетуваат градинка и за персоналот.
Тоа го истакнал министерот за здравство Венко Филипче денеска при посетата на градинката „Буба мара“ во Општина Аеродром.
Министерот Филипче и градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, разговарале со директорката на градинката и вработените за тоа како се одвива воспитно згружувачкиот процес со спроведување на протоколите.
Според податоците на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) во Република Македонија згрижувачко воспитната дејност се реализира во вкупно 70 јавни установи за деца со 311 објекти.
Според епидемиолошките податоци и евиденцијата на МТСП, од отворањето на градинките во 311-те објекти регистрирани се само 13 вработени позитивни на вирусот на целата територија на државата. Согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитание на деца кој што е усвоен од страна на Владата во рамки на детските градинки можат да се згрижат околу 20.000 деца, а од отворањето на градинките од 9 септември до 1 октомври, од во просек 8.500 деца дневно кои активно посетувале градинка, регистрирани се само 9 деца од различни градинки позитивни на вирусот со лесна симптоматологија. Од нив, во моментов пет се активни случаи, а четири се водат како оздравени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.