Претседателот на ДУИ, Али Ахмети преку Фејсбук ја повика албанската дијаспора масовно да одговори на пописот.

Тој преку видео порака вели дека колку повеќе Албанци од дијаспората се попишат, толку посилни ќе бидат.

Повеќе сме кога сме заедно – порача Ахмети во повикот. 

Ахмети ја повика дијаспората да го дистрибуира неговиот апел до секој иселеник кој сè уште не се попишал.

Тој во видеото истакнува пет причини зошто треба да се попишат:

Попишувањето на дијаспората има важна улога во спроведувањето на многу развојни политики во Република Македонија. Дијаспората преку пописот ќе биде голем и директен придонесувач за растот на бројот на Албанците во Република Македонија. Учествувајте и придонесете за уште поголемо зголемување на застапеноста на Албанците во државните институции. Колку повеќе попишани Албанци, толку повеќе се зголемува застапеноста – вели Ахемти во видеото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.