Пратениците утринава со 75 гласа „за“ го изгласаа Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик и Предлог законот за неевидентирани лица во матичната книга на родени.

Во последен момент во измените на Изборниот законик влезе и промената на гласачки места во Петтата и Шестата изборна единица, на барање на ДУИ. Со измените општините Дебар и Маврово-Ростуше се селат од Шестата во Петтата изборна единица, со што се очекува ДУИ да добијат повеќе пратеници по изборите на 12 април.

За недела на пладне е најавена седница за распуштање на Собранието, а претходно се очекува да бидат изгласани Предлог-законот за ЈО и за Советот на јавните обвинители.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.