Повеќе од 30.000 граѓани се без лични карти, а тоа им создава сериозни имотно-правни, банкарски, здравствени, проблеми при патување како и други лични проблеми, вели пратеникот Антонио Милошоски, коментирајќи дека тоа е голема неспособност на владата.
Тој сподели коментари од граѓани кои се соочиле со овие проблеми, како и потсети на гостувањето на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски кој на „Канал 5“ обвини дека со личните карти се доцни поради можно манипулирање со тендерот и дека иако новиот закон не е донесен, документи може да се издаваат по веќе постоечкиот закон – но, не се прави тоа!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.