Повеќе од 20 часа без престан, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се борат да спречат спорен договор вреден 33 милиони евра, вели потпретседателот на партијата Александар Николоски, кој сподели фотографија од Собранието утрово во 6 часот.

6 ЧАСОТ НАУТРО СОБРАНИЕ НА МАКЕДОНИЈА…

Повеќе од 20 ЧАСА БЕЗ ПРЕСТАН буквално цел ден и цела ноќ пратениците на ВМРО ДПМНЕ се борат да СПРЕЧАТ спорен договор вреден 33 мил евра!

Толку многу мириса на СКАНДАЛ што сакаа да го скријат и протнат во доцните вечерни часови, но со ЛАВОВСКА БИТКА успеавме да го дочекаме НОВИОТ ДЕН заедно, за цела македонска јавност ДА ЈА ВИДИ злоупотребата!

НЕМА ДА ДОЗВОЛИМЕ! БИТКАТА ПРОДОЛЖУВА!, порача Николоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.