Павциентите кои биле позитивни на Ковид-19, поеќе нема да мора да поминат два последователни негатовни тестови за да излезат од изолација

Одлуката ја соопшти министерот за здравство, Венко Филипче, кој објави дека се укинуваат двата контролни теста со кои се докажуваше дека пациент веќе нема Ковид-19 и беа услов за тој да излезе од изолација.

На состанок на Комисијата за заразни болести усвоивме нов протокол за ослободување од изолација. Нема да бидат потребни повторени испитувања. МАНУ реализира повеќе од 10.000 тестирања и се покажа дека пациенти со коронавирус што немаат симптоми не ја пренесуваат болеста по 10 дена, а кај оние со симптоми по 20 дена нема опасност од пренесување – изјави Филипче.

Состојбата на пациентите ќе ја следат матичните лекари затоа што тие ги добиваат и резултатите од тестовите.

Филипче објасни и дека сега, откако се почнати закажувањата на прегледи преку системот „Мој термин“, пациентите што ќе одат во здравствени установи мора да ги почитуваат протоколите за заштита од вирусот.

Во установата ќе треба да влезат 15 минути пред почетокот на прегледот, а со нив може да има само уште едно лице.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.