Договорот дека е постигнато формирање ново парламентарно мнозинство го потврдија претставници на сите партии кои вечерва постигнаа согласност: Беса, Алтернатива, Алијанса за Албанците и Левица.

Потпретседателот на Движењето Беса, Кастриот Реџепи, за „Слободен печат“ потврди дека е направено ново парламентарно мнозинство, но не сакаше да открие повеќе детали, најавувајќи обраќање на неговата партија во текот на наредните денови. Претходно и генералниот секретар на Беса, Аријанит Хоџа, потврди дека Беса практично ја урна владата.

Хоџа вчера, но и денеска најави дека е многу извесно „Желино да ја урне Владата“, алудирајќи на одлуката на ДУИ да го прегази својот коалициски партнер и да бара прегласување во Желино, каде што Беса веќе прогласи победник.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.