Повеќе билборди ширум државата на кои се наоѓа ликот на Зоран Заев и торбата Луј Витон се уништени само неколку дена по нивното поставување, пишува „Инфомакс“. Очигледно е дека некому вистината многу му пречи па така работи напорно на уништување на билбордите кои се репрезентација на криминалите на власта.

Во текот на вчерашната вечер било пријавено дека на улица Ѓорче Петров во близина на Криситна Дамил било забележано лице кое фрла боја на билборд со Зоран Заев. Според нашите информации се работи за лицето В.С. кое по настанот е и приведено. Лицето В.С. е партиски активист на СДСМ, а на својот Фејсбук профил има фотографии со речиси целиот партиски врв. Најбројни се фотографиите на лицето со Зоран Заев.

извор: Инфомакс.мк



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.