Во изминатото деноноќие во земјава се потврдени над 150 позитивни случаи на лица заболени од Ковид-19, потврдија од Институтот за јавно здравје за МИА.
Повеќе информации за точната бројка и извршените тестирања ќе бидат објавни во текот на денот.
Повикувајќи на на свои неофицијални извори, телевизија „Канал 5“ претходно јави дека бројката на новозаразени во Македонија е околу 160, од кои во Скопје се околу 100 случаи.
Нивниот извор од здравствениот систем вели дека и самите работници се вчудоневидени од растот на бројките на заразени особено во Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.