Премиерот Зоран Заев кажа дека утврдено е оти датумот на одржување на изборите останува ист, односно 17 октомври. Тој смета дека можно е пописот да заврши и порано од крајниот рок.
„Датумот, според предлогот од работните групи во кој учествуваат сите политички партии е 17 (октомври, н.з.), односно нема промени на датумот кој е утврден во самиот Изборен законик и досега. Имаше дилеми поради трите дена поклопување на пописот со кампањата, но, на крајот, се одлучи дека трите дена не менуваат ништо, пописот е активност што финишира преку ден, кампањите се водат навечер. Впрочем, пописот секојпат се држел 20 дена, овојпат се определени 30 дена, може навистина да се заврши порано. Има доволно време, нема потреба од какви било промени на датумот за изборите“,
кажа Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.