Комисијата за заразни болести ќе и предложи на Владата работното време на угостителските објекти да се ограничи до 21 часот.

– Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство ќе предложат нова мерка до Владата , угостителските објекти да работат во 21 часот. Оваа предлог мерка ќе биде разгледана на владина седница за нејзино усвојување со цел спречување од понатамошно ширење на ковид-19, се вели во одговорот што МИА го побара од ресорното Министерство.

Досега, работното време на угостителските објекти со владините мерки беше ограничено до 23 часот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.