Во изминатите 24 часа се регистрирани 22 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје (15), Дебар (4), Куманово (2) и Охрид (1). Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, соопшти Министерството за здравство.
Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12.00 часот, изнесува 136, од кои 1 излекуван и 2 починати пациенти.
Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
– Скопје (81) – од кои едно лице е од Богданци, а живее во Скопје
– Дебар (40) – од кои 1 починат
– Штип (7)
– Куманово (3) – од кои 1 починат
– Кавадарци (2)
– Охрид (2) – од кои 1 лице е од Скопје а е во иозлација во Охрид
– Гостивар (1).
Претходно Министерството за здравство информира дека ноќеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починал пациент заболен од коронавирус.
Се работи за маж на 63 годишна возраст од Дебар, кај кого дошло до нагло влошување на состојбата, соопштија од Министерството за здравство. Тој е втора жртва на Ковид-19 во Македонија, по 57-годишната кумановка која почина на 21 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.