Вкупно три случаи на коронавирус се потврдени до вчера кај вработени на Клиниката на радиологија, објави Курир.
Станува збор за вработена, колешка на првозаболениот која била во контакт со него, односно заедно работеле и уште еден вработен, нивен колега. Двајцата позитивните тестови ги добиле во текот на вчерашниот ден. На тестирање и во изолација се пратени уште двајца вработени кои се без симптоми, но имале контакт со нив.
Заболениот техничар минатата недела се вратил на работа откако поради хронична болест претходно бил ослободен од работните обврски. Во петокот и понеделникот (кога и го добил позитивниот тест) вработениот одел втора смена на работа и немал контакт со многу пациенти и вработени.
За несовесното однесување на техничарот кој со симптоми доаѓал на работа ќе биде поведена дициплинска постапка, а се разгледуваат можностите и за евентуално поднесување на кривична пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.