Потврдени се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници на пет скопски општини на претстојните локални избори.
Како што објави Сител, според извори од Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ потврдени се имињата на следните кандидати:
Орце Георгиевски за Кисела Вода
Дарко Костовски за Бутел
Александар Стојковски за Ѓорче Петров
Бобан Стевковски за Гази баба
Наташа Котлар за Центар
Се уште нема потврдени кандидати за општините Аеродром и Карпош, како и за градоначланик на градот Скопје.
Претходно во текот на денот, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски информираше дека на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ биле потврдени одлуките за околу 40 кандидати за градоначалници на претстојните локални избори и дека во понеделник ќе бидат објавени досега утврдените кандидати.
ВМРО-ДПМНЕ на овие избори настапува со многу нови ликови, со нова енергија, нова визија за развој, решавање на што повеќе проблеми. Најдоброто допрва доаѓа. И на крај, овие избори се повеќе од само локални, ова се работи за одлука каква општина, каква иднина сакате, и во каква земја сакате да растат вашите деца.
ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа, на историски пресврт, за промени, за нов почеток, за покажување на дело дека има разлика – порача Мицкоски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.