СДСМ поставува нови, највисоки стандарди на македонската политичка сцена. Денеска се одржуваат вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ.
Во името на Централната изборна комисија, дозволете да информирам за досегашниот тек на гласањето.
Сите 194 гласачки места во 80 општини се отворени навремено, во 08.00 часот изутрина.
Гласањето на сите гласачки места се одвива непречено, без застои, во демократска атмосфера и со почитување на мерките за заштита од КОВИД 19,велат од партијата.
Членовите кои не успраа да се регистрираат за време на предвидениот рок, денеска се регистриаат на гласачките места, по што можат да го остварат своето право на глас.
Сите членови на СДСМ со електронска членска картичка имаат право на глас.
За 3 часа од отворањето на сите избирачки места излезноста е 12 отсто што е добар податок.
Гласачките места се отворени до 19.00 часот до кога и трае гласањето.
По затворањето на гласачките места и по обработка на пристигнатите податоци, вечерва, ќе се обратиме повторно до јавноста, со сумарни информации, по што ќе ги соопштиме и резултати за вонредните внатрепартиски избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.