Кога институциите не преземаат ништо, жртвите спасот го бараат преку јавни објави. Вечерва жена јавно објави дека е малтретирана од личност која неколкупати ја пријавува во полиција. Но иако во моментот на пријава интервенираат, насилникот го пуштаат на слобода и тој повторно се враќа.

– „Човекот“ што повеќе од една година ми влегува насилно или скришум, ме злоставува на секој можен начин, крши по дома, ми става нож под грло, ми се заканува со убиство и во состојба е да го изврши. Само да знаете дека го пријавувам во полиција, доаѓаат го вадат од дома, разговараат и го пуштат и он пак се враќа. Вечерва ќе беше фатално. Ме спасија фала им, меѓутоа пак го пуштија. Заклучена сум, не смеам да излезам.Треба ли да си викнам лично обезбедување 24/7, да се отселам на друга планета или да ја земам правдата во свои раце??? Замислете колку многу ми требало ова да го напишам! Нека стои, да знаат луѓето дека има илјадници жртви, а никој не ги штити. Се разболев, тотално попуштив психички. Ќе извадам лекарско и ќе го тужам. Никогаш немало да верувам дека такви луѓе постојат. Ни на сон, ни на филм не сум верувала. Ова е неиздржливо. Откако ќе ми остане детето без мајка и еден куп животни дома за кои се грижам, ич не ми е гајле колку ќе ме жалат и оплакуваат. Во смртна опасност сум, а никој не превзема ништо! – пишува во објавата на „Фејсбук“.

“Човекот” што повеќе од една година ми влегува насилно или скришум, ме злоставува на секој можен начин, крши по дома, ми…

Posted by Emilija Malite Palavkovci on Friday, 19 February 2021



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.