Пожарот кој попладнево го зафати светиниколското село Богословец сè уште не е ставен под контрола. Таму засега изгореле четири куќи и голема површина од над 100 хектари населено место, ниви и шума. Градоначалникот на Општина Свети Николе Сашо Велковски апелира за помош од институциите.
Веќе неколку часа екипите на ТППЕ Свети Николе, ЈКП Комуналец, ЈП Македонски шуми , ЦУК, ДЗС, ДПД Свети Николе и граѓани се борат со огнената стихија што го зафати подрачјето околу село Богословец.
Поради брзина на ветерот пожарот брзу се шири кон територијата на Штип.
Апелирам до сите институции да се вклучат во сузбивање на оваа огнена стихија која зафати над 100 хектари површина, вели Велковски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.