Министерот за надворешни работи Бујар Османи истакна дека иницијативата за измени на законот за продолжување на важноста на пасошите треба да дојде од МВР и нагласи оти тоа е е уште една причина зошто Собранието не смее да се блокира. Тој соопшти дека за продолжување на рокот на пасошите имале состанок во Министерството за внатрешни работи.
Ние ги разгледавме сите други можности како да им се олесни на граѓаните, особено на оние кои се во прекуокеанските земји, а на кои им е изминат рокот на пасошот. Ја разгледавме и можноста да пратиме мобилни екипи. Но, очигледно во Кина не можеме да испратиме, затоа што таму има 30 дневен карантин, за сите кои патуваат, па затоа не можеме нашите дипломати да ги испратиме. Со МВР донесовме заклучок дека треба да се смени законот. Таа иницијатива треба да дојде од МВР. Тоа е уште една причина зошто Собранието треба итно да се деблокира. Ние сме на врв на здравствена криза, со силни социо-економски последици и навистина е недозволиво политички игри кои ја блокираат работата на најважната институција на државата, да влијаат на судбината на нашите граѓани, кои или ги губат работните места или не можат да се вратат оти им е истечен рокот на пасошот – рече Османи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.