Откако денеска лидерите Христијан Мицкоски и Зоран Заев не се договорија за датумот за избори, од ВМРО-ДПМНЕ брифираат зошто немало договор. Оттаму велат дека се држат до своите принципи за заштита на здравјето на граѓаните, со оглед на растечката тенденција на ковид заразата.
Освен гаранции за заштита на здравјето на граѓаните, како што дознаваме, Мицкоски на средбата ја посочил потребата за кредибилен изборен процес при што потребен е и увид во избирачкиот список, како и кредибилна набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
„Република“ дознава дека Мицкоски инсистирал да се запазат уставните и законските норми во однос на изборите и воедно да не се лицитира со датумите бидејќи тоа е неодговорно кон граѓаните.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочил дека изборите не смеат да се претворат во трка по датуми туку суштина која треба да обезбеди гаранции за здравјето на граѓаните и за кредибилен изборен процес.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека тие се за компромис бидејќи тоа е за добро на државата, но не би прифатиле еднострани диктати кои генерираат дополнителни кризи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.