Потпретседателката на сенатот на Франција, Елен Конве-Муре, денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија.

Таа во Скоје ќе има средби со претседателот на собранието, Џафери, со претставници на собраниските тела и на пратеничките групи. Во соопштение од амбасадата на Франција се наведува дека „посетата Конве-Муре ги реафирмира односите на доверба и пријателство помеѓу францускиот сенат и македонското Собрание, како и кон граѓаните во целина. Конве-Муре учествуваше и во изготвувањето на предлог-законот за ратификување на протоколот за членство на земјава во НАТО, што минатиот месец во прво читање помина во сенатот на Франција и се очекува наскоро да биде усвоен во националното Собрание.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.