Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова ќе престојува во посета на Македонија на 16 и 17 април.
На покана на Културниот центар „Иван Михајлов“ таа ќе го отвори новиот клуб на ова здружение, јавија бугарските медиуми.
На 17 април, Јотова ќе биде во посета на Охрид, каде што ќе го посети Дневниот центар за деца со аутизам. Проектот е финансиран од бугарската Влада како дел од програмата на бугарското Министерство за надворешни работи „Бугарска помош за развој“.
Јотова ќе биде гостинка и на отворањето на канцеларија на Здружението за толеранција и соработка – „Хоризонти“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.