Новоизбраниот градоначалник на Струница, Костадин Костадинов, потпиша Меморандум за разбирање меѓу општина Струмица и Детската фондација Песталоци од Швајцарија.

Децата се и ќе бидат наш приоритет. Ја имаат мојата максимална поддршка сите подеднакво во образовниот процес, во и надвор од училиштата. Тие се иднината на нашата општина и држава. 

Денеска потпишавме Меморандум за разбирање со Детската Фондација Песталоци од Швајцарија и општина Струмица, а во рамките на проектот „Инклузија на децата кои се надвор од училиштата во образовниот систем“.

Со тоа се обврзуваме дека ќе обезбедиме ефикасна и ефективна поддршка за основните училишта при спроведувањето на прилагодената наставна програма за образование на деца кои не биле вклучени во настава, а се со надмината возрасна граница за вклучување во соодветно одделение на основно образование. Да им се радуваме на децата и да им овозможиме правилен развој и квалитетно образование – порача Костадинов.

Во овој проект се вклучени основните училишта „Маршал Тито“ и „Никола Вапцаров“ од Струмица.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.