Дваесет и пет илјади граѓани ја поддржаа иницијативата за промена на Законот за попис, објави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по завршувањето на собирањето потписи.

Потписи се собираа на 300 локации во земјата. Голем одѕив покжаа жителите на Велес, Кавадарци, Неготино и Повардарието.

Граѓаните кажаа не за насилието на Заев, кој пописот како статистичка операција сака да направи политичка операција заради пазарот за коалиција.
Граѓаните не се предмет за пазарење, а неговите коалициски ветувања Заев може да ги подмири од нешто што е негово, а не со пописот, кој треба да даде јасна слика за бројот на луѓе во државата, значајни податоци за нивното образование, занимање, како и населеноста.
Пописот ѝ е насушно потребен на државата, но реален, а не фингиран, стои во партиското соопштение.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.