Државната изборна комисија ќе иницира прекршочни постапки за градоначалниците на Општина Гази Баба и на Општина Штип за прекршување на Изборниот законик и на Законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.
На денешната седница на Комисијата делумно беше прифатен приговорот од ВМРО–ДПМНЕ за договорот склучен од страна на градоначалникот на Општина Гази Баба Борис Георгиевски со Агенција за обезбедување имот и лица во вредност од четири милиони денари, за физичко и патролно обезбедување на 11 основни училишта и две детски градинки. За склучениот договор, утврди ДКСК, се работи за финансиски средства предвидени во годишните јавни набавки, меѓутоа спорно е соопштението објавено за настанот од страна на општината во неколку медиуми, за што и ќе се иницира прекршочната постапка.
Прекршочната постапка против градоначалникот на Штип е во врска со дистрибуција на дрва за огрев на четири социјално загрозени семејства и за Ј.П „Исар“, со помош на ЈП.„Македонија пат“ и „Македонски шуми“, како и ТТПЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.